ВИНЕАМ:
Пред Нова Година најавивте зголемување на платите на вработените, а
после наместо вработените советниците добија зголемување на надоместот
за работата во Советот што предизвика револт кај вработените. Треба ли
да има зголемување на платите...
ЕМИЛ ДОНЧЕВ:
Не е најавено зголемување на платите, но е предвидено израмнување со
коефициентот на државно ниво. Не обвинувам никого од вработените, но ги
замолив со оглед на моменталната состојба на општината да се
солидаризираат, па се надевам дека во втората половина на годината, ќе
ја исправиме еве да речеме оваа неправда. Мислам дека наидов на
разбирање. Што се однесува до зголемувањето на паушалот на советниците,
мислам дека донесоа коректна одлука ако ги видиме паушалите на помали
општини од Виница, и овој паушал ќе биде во границите на она што се
спрема како законско решение за општини со големина како нашата.
ВИНЕАМ:
Новата систематизација веќе е донесена и изгласана на Совет. Што е
предвидено со истата?
ЕМИЛ ДОНЧЕВ:
Да, систематизацијата е донесена, се чека на согласност за правилникот,
а доколку алудирате на тоа дали некој ќе го загуби работното место можам
слободно да кажам дека сега и во иднина единствен критериум за тоа дали
некој ќе биде унапреден, дали ќе падне на пониско ниво, казнет или
избркан од работа е посветеноста на работата, интензитетот при
извршување на задачите, давањето на предлози, идеи за подобра
организација и извршување на работите, како и се она што значи
професионална етика. Мене многу ми е жал за луѓето од ТППЕ, на кои со
правосилна судска одлука им престана работниот однос, и тоа благодарение
на лошата манипулација со нив на неколку дена пред изборите. Ова не го
посакувам, и во иднина треба ваквите работи да се избегнуваат за да не
дојде до несакани последици.
претходна страна
