Од викендот Општина Виница започна со десиминација на обуката за наставниците од одделенска настава во ОУ„ Гоце Делчев„ на 13 Март 2010 и ОУ „Славчо Стојменски„ Виница и ОУ „Никола Парапунов„ на 13 и 14 Март 2010 година.
    Обуките ги реализираа обучувачи – наставници од секое училиште кои претходно добија обука за користење на лаптопите Intel Classmate за примена во редовната одделенска настава. Обуката на наставници (обучувачи) се оддржа во Хотел Слив на 26, 27 и 28 Февруари 2010 година од ЦДС ( Центар за Деловна Соработка) а финансиски подржана од УСАИД – ПЕП ( Проект за Основно Образование ).
    Десиминацијата на обуката за користење на лаптопите Intel Classmate во одделенската настава беше спроведена многу успешно од страна на презентерите/обучувачи Славица Илиева и Снежана Трајанова во ОУ „Гоце Делчев, Нада Димитрова и Горан Иванов во ОУ „Славчо Стојменски„ и Борјанка Ристова во ОУ „Никола Парапунов„ во село Драгобрашта.
    Условите за работа беа одлични во сите училишта со обезбедно греење и со користење на безжичен интернет, ЛЦД проектор и платно како и лаптоп за секој наставник.
    Дисеминациите изобилуваа со интерактивно учество на наставниците и успешна изработка практични вежби за користење на оперативниот систем Едубунту и методот WebQuest во наставата и подготовката на часовите.
    Координатор ангажиран од ЦДС (Центар за Деловна Соработка) за следење и мониторинг на десиминацијата во училиштата беше Валентина Манчевска.