Виничани со своето присуство покажаа дека ги почитуваат своите стари традиции и од се срце го подржуваат обновувањето на оваа манифестација. Присутните национални медиуми ја забележаа масовната посетеност на
настанот. Оваа масовност ќе го зголеми нивниот интерес за Тодоровите трки и во
наредната година. Добрата медиумска покриеност е можност за рекламирање на
спонзорите на оваа манифестација и привлекување на нивен поголем број во иднина.
Поврзаната импликативност на овие подредени настани, стигнува до желбите на
Општина Виница, овој настан да привлече економски бенефит за нејзините граѓани,
со што многукратно
ќе се ефектуира потрошената сума на пари и енергија за
истиот. Традицијата наречена Тодорови трки, влечена уште од 1928 година, успешно
е реанимирана. Заткулисната игра на некои политички субјекти во градот, за
бојкотирање на оваа манифестација, со желба да прикажат килавост на сегашната
општинска администрација, од оваа дистанца на масовна посетеност, изгледаат
смешни. Погледнете ги сликите од Тодоровите трки.
КЛИКНЕТЕ
