Да се асфалтираше порано, можеби луѓето немаше да заминат, велат постарите жители кои патот го чекаат седумдесет години. Повеќе од задоволни што сепак не се заборавени. Со средства од Светска Банка започнаа првичните подготовки за проширување и асфалтирање на патниот правец кој води од црквата св.Спас до селото Пеклани во должина од околу 3 километри, а општината работи и на проширување на патниот правец.