Безвизниот режим колку е корисен, толку е штетен. Ако во изминатите 8 години 37 деца ги напуштија овдешните училишта и заминаа во европските. Oваа учебна година Виница го постигна рекордот со иселени 82 првачиња за само една година, цели 3 паралелки веќе се празни. Но статистиката покажува дека сепак годинава ситуацијата е подобра во однос на претходната со 12 првачиња предничи 2010 во однос на 2009, или ако лани биле 167, сега се запишани 179, а ако се додаде и бројката на иселените, наталитетот речиси ист како во 98/99 година. Бројката од 179 запишани деца до почетокот на учебната година може да варира во нагорна или надолна линија, но некое значајно поместување не се очекува. Дали постоечкиот кадар во училиштата ќе се соочува со неизвесноста од опстанокот на паралелките, законскиот минимум од 24 ученици во едно одделение веќе одамна не се почитува со амин на министерството за образование. Годинава загрижувачки е податокот што дури 56 иселени првачиња се од градот, што не беше случај до лани, во Блатец веќе иселените водат пред оние кои останале во селото, 11 (-9), во Драгобраште 15 се отпишале, 18 нови се запишале, ќе се става ли клуч и на друго подрачно училиште, се зависи како ќе одлучи Министерството за образование. Во двете основни училишта во градот се задоволни од одзивот, а пропорционално се почитува и реонизацијата за упис, посебно на ромските обврзници, од кои 26 го испочитувале законскиот уписен рок, а остануваат уште 3 деца кои се водат во евиденција, но ги нема на списокот на првачиња. Колку и да биде благонаклонето Министерството кон кадарот со дозвола за функционирање и на паралелки со минимален број ученици, реалноста и бројките од година во година поразително се реплицираат, и децениската силна миграција на површина ги исфрла сите несакани последици.