Организаторите на Фестивалот потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете општини.Градоначалниците на двете општини
ја истакнаа желбата за развој на велосипедизмот преку остварување на
Велофест 2010 во нивните општини.
"Ние како општина одамна
размислуваме да поставиме велосипедски паркинзи пред Општината.
Фестивалот ќе ги истакне и нашите намери за промоција на велосипедизмот
и здрав живот на граѓаните на Виница"-истакна градоначалникот Емил
Дончев
Велофест е креативен фестивал за
велосипеди, кој има за цел да го промовира возењето велосипед во
Македонија и се обидува притоа да ги вклучи сите засегнати чинители.
Фестивалот досега е подржан од
германската амбасада во Скопје и повеќе општини во републиката, како и
од ГЕТЕ институтот, Германската техничка соработка, Сојуз на спортови на
Скопје, а бројот на поддржувачи постојано се и зголемува.
