Малку, бидејки е проценето дека поголеми количини од сол и песок нема да ја подобрат ситуацијата. Снегот за момент го отсече Калиманци од остатокот на светот, донесе одрони кај Истибање, каливи улици по Виница и поголема ангажираност на механизацијата на ЈП "Солидарност" во планинските села на општината. За таа намена, од страна на ЈП "Солидарност" беше ангажиран дополнителен ровокопач. Граѓаните се повикуваат на поголема совесност и чистење на снегот од тротоарите пред нивните врати, затоа што и законот ги обврзува на истото. Возачите се повикуваат на носење на зимска опрема и претпазливост. Синоптичарите предвидуваат снег и во наредните денови.